Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово силно го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со Договорот од Преспа за време на својата инаугурација, пишуваат утрово грчките медиуми.
Во исто време, тој изјавува дека „Грција ги отфрла манипулациите како оние со кои г-ѓа Сиљановска го отвора својот мандат“ и „ја повикува да се врати на своите законски обврски и на однесувањата што произлегуваат од нејзината улога“.
„Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнување предизвици“, заклучува Мицотакис.