Нека е честит 9 Мај – Денот на Европа.
Младите можат слободно да го искористат својот потенцијал, да имаат можност да волонтираат, да студираат надвор од границите на својата држава, да стекнат знаење и искуство кое ќе го вратат дома. – порача денеска во своето обраќање, Марко Михаилоски, претседател на СДММ.
Прогресивните млади луѓе кои носат демократски промени се лидери на патот до ЕУ.
Младите луѓе од Република Северна Македонија сакаат да се еднакви и да уживаат еднакви права и придобивки како нивните врсници од Европа.
Како прогресивна младина, СДММ постојано работи и дејствува тоа да стане реалност што поскоро.
Важноста на Европската Унија е во заедничките вредности, култура, прогресивност и инклузивни политики кои креираат еднакво општество со еднакви можности за сите, човекови права и нивно спроведување во пракса.
Општество кое се бори за родова еднаквост и безбедно опкружување за следните генерации.
Со пристапувањето кон Европската Унија, сигурни сме дека ќе го промениме моментот на одлив на млади, перспективни сили и дека младите ќе изберат да останат и да создаваат дома.
Креираме и реализираме политики што имаат за цел да ги задржат младите дома, во својата татковина.
Продолжуваме заедно да моделираме силна европска иднина за нашата држава и нов модерен имиџ за нашите млади. – рече Михаилоски.