Прес-конференција на Марко Михаилоски, член на Извршен одбор на СДММ

Почитувани!

Ние младите сакаме стабилност, добро платени работни места, сигурна и јасна визија. Сакаме да можеме да ја видиме и оствариме нашата иднина дома.
СДСМ е партија која има слух за младите и со своите мерки и политики го поттикнува личниот, социјалниот и професионален развој на младите и го унапредува младинскиот стандард.
Во таа насока се мерките на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со инструменти, скроени за младите, кои ја поттикнуваат иновативноста и ја обезбедуваат неопходната финансиска поддршка.

Мерката на ФИТР за кофинансирани грантови за новоосновани старт ап и спин офф компании, има за цел да ги поттике младите да преземат ризик и преку основање сопствен бизнис да ги реализираат своите идеи и иницијативи. Со оваа мерка се обезбедува и поддршка за компании кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга. Фондот покрива до 85% од вредноста на проектот, а досега се финансирани над 100 старт ап компании со вкупно 2,5 милиони евра.
ФИТР кофинансира деловно-технолошки акцелератори, кои  обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување, менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции.
Фондот досега инвестираше 1,5 милиони евра во три акцелератори и тоа УКИМ Акцелератор, Сивус и Х Фактор акцелераторот од Велес.
Во соработка со Министерство за труд и социјална политика, УНДП и Агенција за вработување, ФИТР обезбедува програми и мерки за вработување, како поддршка за самовработување, во форма на менторска помош за развој на бизнис планови и изработка на предлог проекти.
Покрај овие мерки, Фондот за иновации и технолошки развој го има и предизвикот за млади истражувачи, која е мерка наменета да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и заедно со наставниците да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Досега за истражувачки проекти од природните и техничките науки се доделении 10,2 милиони денари на 32 основни и 22 средни училишта низ целата држава.
Социјалното претприемништво од најрана возраст се поттикнува преку #Upshift програмата, во соработка со УНИЦЕФ Македонија и CEEDHub Skopje. Корисници на средства се ученици од 10 до 13 години.
Сите овие мерки се усмерени кон развој, поттикнување на претприемништвото и поддршка на младите во нашата земја.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и нивните потреби и со криминалните политики го поттикнуваше иселувањето на младите од државата.
Ние младите сакаме да успееме дома.
Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат светла иднина, наместо режим.
На прав пат сме!