Во емисијата која почнува во 22 часот на ТВ Алсат ќе видите интервјуа со вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, и со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

По денешните 52-ца новозаразени и четворица починати – ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Спасовски и Филипче за здравствена капитулација, а СДСМ бара оставка од Чулев поради несанкционирање на прекршувањето на мерките. Во вакви околности – ќе биде ли продолжена вонредната состојба и што ќе се случи со прашањето за изборите? Ако нема избори, може ли државата да функционира без парламент и со техничка влада: Ова е тематската рамка за интервјуата со вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, и со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски – вечерва (29 мај) од 22 часот на ТВ Алсат.