СДСМ денеска на официјалниот профил објави дека стапил на функција новиот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ.

Неговата функција, пред два дена беше соопштена од лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој истакна дека од новиот тим очекува чесност во работењето, ефикасност и одговорност.

„Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред да бидат практично номинирани. Очекувам со својата одговорност и чесност дека ќе дадат пример во работењето на партијата, но и во институциите во кои ќе бидат. Да бидат првите кои што ќе покажат чесност во работењето, а не само да се зборува за реформи, за спроведувањето на правдата и правото во државата“, посочи Ковачевски.