За само 40 дена од нејзиното формирање, Владата на Мицкоски ја покажа сета своја неспособност:
• Ударот по џебот на граѓаните полека излегува на виделина: тивко и затскриено секојдневно растат цените на производите во маркетите, укинувањето на субвенциите за електрична енергија ќе го осиромашат буџетот на секое семејство, се одлага исплатата на пари од „Мој ДДВ“, нема да случи изборното ветување за зголемување на платите во образованието и здравството, излажани се и пензионерите, се крати финансиската поддршка за домашните компании…
• Владините партнери функционираат како „рогови во вреќа“: се испокараа за користењето на знамињата во министерските кабинети, за балансерот, за најавеното формирање Албанска академија на науките и уметностите, министрите од ДПМНЕ поседуваат пасоши на други држави, имаат неплатени долгови кон државни институции изразени во милиони евра и поседуваат огромни имоти за кои постои сомневање дека ги стекнале на коруптивен начин…
• Во државата беснеат пожари кои однесоа човечки живот, проголтаа стотици куќи, огромни површини шуми и кои заради неспособноста на институциите, првенствено на министерот Тошкоски кој е задолжен за координирање на активностите на Управувачкиот комитет на системот за управување со кризи, се закануваат да достигнат катастрофални размери…
• Истовремено, Владата и неколку општински Совети раководени од ДПМНЕ одбиваат парично да ги наградат пожарникарите, војниците и полицајците кои деноноќно водат беспоштедна борба со огнената стихија…
Она што го напишав првиот ден после парламентарните избори, сега го потпишувам со двете раце: Владата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ќе биде запишана и запамeтена како најнеспособната Влада во историјата на Македонија!
ФБ став на Зоран Милошески