Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку социјалните мрежи извести дека е позитивен на тестот за Ковид-19.
„Утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни“, напиша Тошковски.
Тој додаде дека оваа седмица работните обврски ќе ги извршува во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.