Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е најтраспарентна државна институција според Извештајот за 2022 година на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Споредбено со 2021 година оваа институција предводена од министерот Љупчо Николовски, има напредок од дури 21 бод, односно од 28.5 бодови во 2021 до 49.5 бодови во 2022 година.

Цел на мониторингот беа 22-те категории на информации, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и нивното доследно објавување на веб страните на имателите на информации. Врз база на спроведен мониторинг на веб платформите на 146 државни институции според методологијата за Транспарентност и отчетност на јавната администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е оценето со 49,5 бодови од максималните 52.

Оваа оценка за министерството е уште една потврда за отворениот и траспарентен процес на работа, редовно и навремено информирање на граѓаните за мерките и политиките на министерството, како и директното вклучување на земјоделците при креирањето на мерките за поддршка на секој еден земјоделец.