Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на врвот на листата за транспарентност со 100 процентна исполнетост на условите.
Имено, според резултатите од мониторингот, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е со максимални 49 бода, со 100% проактивна транспарентност.
– Тоа значи дека нашата веб страна има лесен и пристапен начин на достапност на информациите од јавен карактер од интерес на барателите.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година по ред покажува најдобра проактивна транспарентност во однос на членот 10 од Законот за СПИЈК. Продолжуваме да работиме чесно и отчетно пред граѓаните, порача ресорниот министер Љупчо Николовски.