Министерството е партнер на тутунарите. Овие денови бележиме зголемување на откупните цени за предаден тутун, а искрено очекувам цената да достигне над 360 денари, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Апелирам до сите откупувачи, при зголемувањето на откупните цени, во предвид да имаат ретроактивна исплата до секој еден кооперант, што претходно тутунот го предале по старите цени. Тутунарите не се сами и сите механизми како министерство заедно со ДИЗ ќе ги искористиме, за да маката на тутунарите биде испочитувана, порача министерот Николовски преку објава на својот официјален фејсбук профил.