Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант.
– Поткомпонентата на Проектот има за цел да обезбеди висококвалитетни обуки и советодавни услуги за земјоделски производители и агробизниси. Овој повик се однесува на предвидената финансиска поддршка за производители и агробизниси низ Северна Македонија во форма на мечинг грантови за советодавни услуги од страна на квалификувани експерти кои ќе бидат финансиски поддржани со најмалку 50% од грантовата шема на Проектот за модернизација на земјоделството, објави ресорниот министер Љупчо Николовски.
Бараме експерти со искуство во следните области:
📍Климатски-паметни технологии
📍Управување со фарма и деловно планирање;
📍Агрономија и растително производство;
📍Зачувување на почвата и водата;
📍Развој и маркетинг на агробизнисот;
📍Органско производство;
📍Технологија на обработка;
правни советници;
📍Истражување на пазарот;
📍Приспособување и ублажување на климатските промени;
📍Сите други поврзани области за поддршка на производството и преработката на овошје и зеленчук предложени од експертите, вели Николовски.
Повеќе информации на следниов ЛИНК.