Програмата на новата Влада има визија, има нови решенија и има голема извесност за прецизноста на тие решенија да бидат во најголем дел остварени, истакна пратеникот на СДСМ Панчо Минов при реплика на собраниската седница посветена на изборот на новата Влада.

Тој додаде дека зголемувањето на економскиот раст е проектирано согласно БДП од 2,5 на 5 % и ќе се постигне со капитални инвестиции, како од странски инвеститори, така и домашни приватни инвеститори, со привлекување, покрај на јавните инвестиции и на приватниот капитал, странски или домашен.

Се споменуваат новини во делот на финансиските инструменти, нови начини на финансирање привлекување на капитал со развојни, проектни, зелени обврзници, гарантна шема, јавно приватно партнерство и посебни фондови, како енергетски фонд за развој, фонд за мали и средни претпријатија, зелен фонд, се прејудицира определбата за интензивно директно да се враќаат средствата кај бизнисот и кај граѓаните и стимулација на компаниите, истакна Минов.