„Резултатот од изборите на 8 мај ќе биде почеток на вистински судири помеѓу Македнците и Албанците“. Ваква скандалозна закана вчера испрати министерот за правда Кренар Лога, кој гостуваше во емиисијата „Интервју во Шења“ на ТВ Шења, пренесе Плусинфо.

– Мислам дека Алијанса за Албанците извлече добра лекција од локалните избори во Град Скопје и уште тогаш сфати дека не треба да соработува со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и дадовме можност да се случат уставните измени и да се скрши уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ – изјави министерот.

Тој жестоко ја искоментира и изјавата на новиот претседател на МАНУ, Живко Попов, кој истакна дека укинувањето на Балансерот, уставните реформи и враќањето на унитарниот карактер на државата се неговите три приоритети кои ќе ги реализира како нов претседател на МАНУ.

– Враќањето на унитарната држава значи дека земјава се враќа пред 2001 година и ова претставува вознемирувачки повик. Претседателот за кого станува збор е татко на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е линијата која се обидува да да изгради ВМРО ДПМНЕ, но и која ја гради секој ден. МАНУ не успеа никогаш да се реформира и си остана „лулка на србизацијата во Македонија“ – истакна Лога.