Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски ги има сите податоци истите се јавно достапни на веб страната на АВРСМ. Воедно напоменуваме дека МИОА е надлежното министерство за водење на регистарот на вработени во јавниот сектор, каде сите инстититуции, преку електронскиот систем за управување со човечки ресурси (HRMIS), се должни да внесуваат податоци за своите вработени, каде Стаменкова извршува функција дополнителен заменик-министер, се истакнува во реакцијата на АВРСМ на обвинувањата на Стаменковска Стојковски дека директорката на Агенцијата и испратила хаотичен преглед што укажува на опструкции и прикривање на вистината.
-Во однос на изјавата за недоставување на податоци за реализирани пријави / одјави во задолжително социјално осигурување (M1/M2) во државен и приватен сектор, одговорно тврдиме дека податоците се доставени до дополнителната заменик-министерка, истите се јавно достапни на веб страната на АВРСМ. Воедно напоменуваме дека МИОА е надлежното министерство за водење на регистарот на вработени во јавниот сектор, каде сите инстититуции, преку електронскиот систем за управување со човечки ресурси (HRMIS), се должни да внесуваат податоци за своите вработени, каде Стаменкова извршува функција дополнителен заменик-министер. Истакнуваме дека Државниот завод за статистика е надлежна институција за број на вработени и истите ги објавува во своите извештаи, се наведува во соопштението на АВРСМ.
Нагласуваат дека сите вработувања се реализирани во согласност со законските прописи кои ја уредуваат оваа област и дека во изминатиот период во Агенцијата се извршени поголем број инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, при што не се констатирани никакви неправилности при вработувањето на неопределено и определено време во Агенцијата.
-Што се однесува до наводите дека Директорката на Агенцијата не ги исполнува условите за именување на функцијата, истакнуваме дека истите се неточни, односно дека Билјана Јовановска во целост ги исполнува законските услови, за што ги повикуваме сите надлежни институции да направат увид во нејзиното досие, истакнуваат од АВРСМ.
На обвинувањата на дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, одговори и МИОА дека Стаменковска Стојоски не ги разбира податоците кои ги добива од надлежните институции во однос на бројот на вработувања во нашата држава.
-Министерството за информатичко општество и администрација ги добива истите извештаи кои од Агенцијата за вработување се доставени и до заменичката Стаменковска Стојановски. За нас се разбирливи, а биле разбирливи и за претходните министри во Министерството, истакнуваат од МИОА.