-Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче во три мандати Сокол Митровски, е дел од мрежата вработени во ЕВН Електрани Македонија кои земјиште прикажано како дар, неколку дена по дарувањето го купиле за 1,5 милион евра, дознава „А1он“. Митровски и Игор Гиевски како управители ги потпишале договорите за купопродажба на земјоделското земјиште во Делчево што го купила компанијата ЕВН. Преговорите за купопродажбата ги почнале уште пред тројцата продавачи на земјиштето, физички лица блиски на ВМРО-ДПМНЕ, да станат негови сопственици, пишува А1он.

-Трите физички лица, кои се дел од мрежата за продажба на земјиштето од 150.000 квадратни метри се Влатко Илиевски, за кого вчера СДСМ објави дека му е телохранител на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, неговата сопруга Марија и Дарко Тодоровски, поранешен член на Советот на Општина Делчево. Извори за „А1он“ велат дека тројцата го откупиле земјиштето од триесетмина физички лица, им го платиле во кеш, а во договорите прикажале дека го добиле како подарок, оти само подарокот немаат обврска да го огласат во „Службен весник“. Земјиштето го купувале во период од први до 14 септември годинава, спроти изборите, а преговорите за препродажба на земјиштето со ЕВН ги почнале на трети септември, во време кога уште ја немале сопственоста.

Целиот текст прочитајте го на А1он.