Граѓаните на Република Македонија речиси четири години се сведоци на неработење, расипништво, стагнација и тонење. Четири години Зоран Заев и СДСМ го манипулираат народот со лажни проекти и популистички мерки кои ќе им послужат за исполнување на ПР агендата и ништо повеќе од тоа. Четири години чемер и јад.
Но, кога станува збор за гарнитурата на СДСМ, работливоста не е синоним за тие луѓе. На сето ова мора да му дојде крај. Република Македонија заслужува инфраструктурни проекти, градење на нови училишта, градинки, спортски сали, детски игралишта, зголемени плати и пензии, а не замајување и лажење.
Затоа на 15-ти јули граѓаните ќе имаат шанса да изберат помеѓу обновена и силна држава или сивило и лаги, помеѓу Република Македонија или Заев и СДСМ.
Република Македонија заслужува да биде горда, достоинствена и исправена пред сите останати земји во светот, а не со свиткана кичма, понижена и омаловажена.
Македонскиот народ ја научи лекцијата од овие луѓе и ќе ги казни уште сега, при првата прилика.
Затоа, сите заедно да се избориме за неа и нејзината слобода.
Да се избориме за подобри денови и просперитет.
На 15-јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија!

ФБ статус на Владо Мисајловски