Минатата година граѓаните се изјаснија, ни дадоа мандат. Ви тврдам дека имаме парламентарно мнозинство и можеме полноправно да одлучуваме. Очекуваме Алтернатива да донесе позитивна одлука за коалицирање, но и без тоа имаме мнозинство. Или, ако кажеме обратно ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат мнозинство, а тоа се виде при обидот за уривање на владата, вели за Утрински брифинг потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

-Извештајот за напредокот на Северна Македонија е добар и велам, како потпретседател на Собранието, дека 53 седници имаме одржани за 2,5 години и 73% од нив се затворени. Не беше лесно, но го завршивме. Имаме одреден сет закони кои не се донесени поради тоа што ги кочат опозициските партии. Таков е и законот за неработна недела. Се блокираат закони кои се од општ интерес, како законот за решавање на статусот на наставниците.