Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски и генералниот секретар на СДСМ денеска беа во посета на рудникот за олово и цинк „Тораница“.

„Во рудникот за олово и цинк “Тораница” остваривме средба со управата на концесионерот “Булмак 2016”.
Општината и државата ќе продолжат да работат за олеснување на работата на економскиот сектор, а тие, како еден од најголемите работодавачи во општината и регионот, да работат на поттикнување на развојот.
За нови вложувања, за општествена одговорност, за повисоки стандарди, за најдоброто на секој жител на нашата општина“, истакна Митовски.