Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски заедно со генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска беадел од маршот на младите социјалдемократи.
-Младите се срцето на градот! Денес младите маршираа низ градските улици потврдувајќи дека тие ја носат енергијата за големата и убедлива победа на 17 Октомври. Младите пленат со борбеност, креативност, со елан за напредок. СДСМ и коалицијата го носат најдоброто за младите во Крива Паланка, порача Митовски.