Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски имаше средба и разговор со почитуваниот Александар Јакимовски.

„На денот на ослободување на градот, пријатна средба и разговор со почитуваниот Александар Јакимовски, пратеник во парламентот во 90-те години.
Со почит кон генерациите што се запишани во историјата на градот, во историјата на државата, отворено разговараме за тоа дека светот останува на нас младите, но искуството од повозрасните и нивните поуки треба да не водат“, истакна Митовски.