Планинарите се наши промотори на убавините на природата, на богатството со кое располагаат Осоговските Планини, истакна кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски.

„ЗП “Руен” четири децении ги промовира потенцијалите на Кривопаланечкиот регион за планинарски, алтернативен туризам и богатата флора и фауна со кои се одликува Осоговието.
На средбата со нив потврдивме дека ќе ја имаат поддршката за уште поголема промоција на најдоброто од Крива Паланка!“, посочи Митовски.