Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски заедно со претседателката на Советот , Изабела Павловска, денес остварија работна средба со претсавници на Отсекот за Превенција при СВР Куманово и преставници од ПС ОВР Крива Паланка.
На средбата градоначалникот Митовки се запозна со начините и принципите на локална соработка со полицијата, со работата на Локалниот Совет за Превенција и со сите други тековни активности кои се однесуваат на безбедноста на локалната заедница. На оваа средба се дискутираше и натамошниот начин на заеднички активности помеѓу Општината и други државни институции кои работат во интерес на унапредување на безбедноста на граѓаните, а особено за превенција на младите.