Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски заедно со својот тим денеска оствари повеќе средби со економските оператори во градот.
-Со советниците ги посетивме сопствениците на производствените компании од градот и ги слушнавме нивните потреби, проблемите со кои се соочуваат. СДСМ и коалицијата ќе ги поддржат економските оператори, за економски развој на општината. За најдоброто на нашата општина, порача Митовски по средбата.