Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски вечерва беше на терен со пожарникарите во гасење на пожарот на градската депонија.

„Работниот ден не завршува со работното време. Вечерва бев на терен со пожарникарите на гаснење на пожарот на градската депонија.
И денес и секој ден, за сѐ, во дослух со граѓаните и со службите во општината“, посочи Митовски.