Блиску до граѓаните, низ дуќаните и на градскиот зелен пазар, денес кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски заедно со кандидатите за советници отворено и искрено споделија мислења со кривопаланчани за тоа што може да се подобри, каде и како може да се помогнеме.

„Тоа и ќе биде реализирано, затоа сме тука за Вас, за секој жител на општината.
Затоа што СДСМ и коалицијата го нудат #Најдоброто за нашата општина“, истакна Митовски.