Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски денеска одржа практичен час по приготвување на плескавица на учениците во СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка во кабинетот за готвачи.

„Со своето долгогодишно искуство во угостителската дејност , денес одржав практичен час по приготвување на плескавица на учениците во СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка во кабинетот за готвачи. Храната приготвена во училиштето ќе биде донирана на лицата со посебни потреби во Центарот за дневен престој“, истакна Митовски.