Денеска официјално е пуштена во употреба надградената и реконстурирана градинка „Детелинка“ – објект „Поточиња“. Капитален проект за обнова по 50 години од градба на објектот.
Mitovski3На отворањето присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и директорката на ЈУОДГ „Детелинка“ Мирка Јакимовска.
Срцата ни се полни со радоста на дечињата од општината!, рече Митовски.
MitovskiМитовски посочи дека дечињата од денес ќе престојуваат во најсовремени и модерни услови, по сите стандарди за ваков тип установи, за учење и развој преку игра, најзначајно за воспитно-образовниот процес во предучилишна возраст.

„Овде се градат основите на секоја млада личност. Од најубавото време во животот-детството, се носат најубавите спомени.
Горди сме на она што ќе остане наш траен влог во уште поубаво, среќно и безгрижно детство на идните поколенија.
Преку партнерскиот однос со Министерството за труд и социјална политика решивме еден голем проблем во општината. Инвестирани се 27 милиони денари од кои над 22 милиони за градежни материјали и 4.7 милиони денари за мебел и опрема“, истакна Митовски.
Mitovski2Тој нагласи дека капацитетот е зголемен за 105 деца со нови 5 занимални,а градинката е приспособена за нормативите за лица со попреченост. Објектот придонесува кон заштита на животната средина, со:
-новиот, современ, систем на греење на пелети,
-нова термо-енергетска фасада,
-замена и на столаријата и кровната конструкција.
Nikolovski2„Наш врвен приоритет е создавање подобри услови во општината за нови можности со што ќе ја направиме Крива Паланка подобро место за живеење и ќе ги задржиме младите“, рече Митовски.