Донесени одлуки за силна поддршка на новороденчиња и првачиња од Крива Паланка, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
На денешната 3-та седница на Советот на Општина Крива Паланка, беше донесена Одлука за доделување на финасиски средства во висина од 3 000 денари за секое прваче запишано во учебната 2022/23 година, како и одлука за доделување на финасиски средства во висина од 3 000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка во текот на 2022 година.