Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!
Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество.
Да живее слободата!“, стои во честитката на Митовски.