Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски денеска беше помеѓу најмалите дечиња во ромското маало Единство.

„Топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, а таа се шири и пренесува само со убави дела и добра мисли. Затоа овие денови не штедете на убави дела и добри мисли. Без да се двоумете направете убаво дело и споделете го со оние кои ги сакате.
Традиционално 6-та година по ред во Ромското мало Единство помеѓу најмалите дечиња поделивме Новогодишни пакетчиња“, истакна Митовски.