Вчера вечер, во пресрет на новогодишната ноќ, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со и претседателката на Совет, Изабела Павловска и со претставници од општинската администрација Маја Костадиновска и Драган Цвијовиќ ги посети дежурните служби, кои се одговорни за безбедноста и здравјето на кривопланчани и кои се на своите работни места за време на новогодишната ноќ.

-При посетата на дежурните служби се информирав за подготовките кои овие служби ги имаат направено за мирно и безбедно прославување и дочек на Новата година.
Им ги честитам престојните празници на вработените во дежурните служби со пригодни подароци во знак на внимание и благодарност за нивната професионалност и посветеност кон работата и континуиран придонес за безбедноста на своите сограѓани, како и за ангажираноста во секое време од годината, порача Митовски.