Во Крива Палнака изминатиот период се врши чистење на повеќе локации од страна на надлежните од локалната самоуправа.
-Како што се обврзавме дека во следниот период хигиената во градот ќе биде наш врвен приоритет, следува целосна реорганизација на планот и програмата за секојдневно чистење на градот, порача градоначалникот на општината Сашко Митовски.
За само една недела Општина Крива Паланка и ЈП Комуналец спроведоа чистење на неколку локации во градското подрачје и тоа:
1. Тротоарите низ главната улица
2.Градскиот зелен пазар
3. Патеката покрај коритото на Крива Река
4.Платото пред општина Крива Паланка
5. Тротоарските површини покрај магистралниот пат
6. Новиот градски парк и плоштад
7. Кругот и делот околу Болницата
8. Главната улица низ централното Градско подрачје