Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски истакна дека денеска со одигрување на ревијални натпревари во мал фудбал и баскет во организација на СДММ, симболично им оддадовме почит на нашите партиски другари и големи личности, Александар Наковски- Феликс и Далибор Николовски- Даки.

„Се сеќаваме и не забораваме дека тие ни покажаа како се остава траен белег на времето во кое се живее, а тоа е со човечност и работа од срце, пред сѐ и над сѐ.
Така ќе ги паметиме, а денот, јас, кандидатите за советници, младите од СДММ, го посветивме на нивниот спомен“, посочи Митовски.