„Крива Паланка се развива, гради и уредува како никогаш досега, оваа локална власт има една цел – да оставаме траен влог за иднината на: чиста, урбана, модерна и транспортно поврзана, како што ѝ личи, на нашата убава, родна Крива Паланка. Општина Крива Паланка е препознатлива во земјава и регионот, посетена и посакувана дестинација за бројни посетители, зашто во изминатите 24 месеци градот се развива со силно темпо, се вложува во него како никогаш досега“, вели градоначалникот на најсеверниот град во државата, Сашко Митовски.

Вака накратко беше сублимирана неговата двегодишна работа како прв човек на градот под Осоговието кој бележи значаен развој и просперитет во истиот период, за кој Митовски ќе рече, се 730 денови посветени на локалната заедница и граѓаните, илјадници часови макотрпна и деноноќна работа на неуморните тимови и служби, советници и вработени во сите претпријатија од општината кои заеднички и тимски придонесуваат кон сликата на градот денес.

Г-дин Митовски, на 1 ноември се навршија две години од преземањето на функцијата градоначалник на Крива Паланка, период за кој правејќи ретроспектива, велите, направен е забележително голем напредок кон подобро на целокупната слика на градот. Најпрвин, ќе Ве запрашам, како се носите со обврската и функцијата како прилично млад човек, кои се предизвиците со кои се соочувате, со оглед на тоа дека тој период го одбележа преминот од Ковид-19 пандемија и здравствена криза, кон економска криза на која ниту државата, ниту општините не останаа имуни?

Верувајте, во ниту еден момент не беше лесно, ниту во периодот по пандемијата, ниту во кризата на економски план, судејќи по тоа дека локалните предизвици се сосема реални и нема одложување на секој еден проблем што тековно ги засега граѓаните, надвор од глобалните случувања. Така што, без поговор не отстапивме од тоа: дали да се гази калта, да се расчистува снегот, да се пробиваат патишта, да се санираат штети од невреме, да се засукаат ракавите и да се градат нови километри кои ја трасираат иднината на моите кривопаланчани… Некој час помалку од сонот значеше повеќе часови посветени на предизвиците за модерна, развиена и европска Крива Паланка. Не беше лесно да се оди по трасираниот пат кој го зацртав пред две години кога дојдов на функцијата градоначалник, но не се откажав од целите поставени првиот ден.

Функцијата градоначалник можеби за некого претставува функција, но мене, како што ветив уште во предизборието и како што практикувам изминатите две години, ми претставува обврска и одговорност, а и привилегија, и тоа, не во смисла да имам погодности и да бидам над граѓаните, туку напротив, привилегија да му служам на народот, да бидам во служба на граѓаните и да работам за подобро утре на секој еден жител на општината. Таа работа, сите залагања на кои сум целосно посветен се вградени буквално во секој проект и секоја реализирана програма, во секоја планирана и креирана мерка за младите, за возрасните, за дечињата, за ранливите категории, имплементирани овие 24 месеци.

Броите значителни реализирани капитални проекти, импозантни суми инвестирани во различни области и конкретни донесени мерки за подобрување на животот во градот, кој беше фокусот на работењето, каде најмногу се инвестираше?

За работата и вложувањата какви што, реално, не се забележани во изминатите десет, дваесет и повеќе години, говорат конкретните резултати и дела. Тоа се факти и аргументи што постојат и се видливи за секого: за само 24 месеци вложивме над 3.000.000 евра за изградба на улици и патишта, за регионалната и локална патна мрежа, пешачки и рекреативни патеки, во фаза на реализација се проекти вредни 500 илјади евра кои ќе бидат завршени многу скоро, а со потпишаните договори и одобрени средства вложуваме уште 2 милиони евра за патна инфраструктура во следните месеци, така што сумираните бројки и цифри само во оваа област се импозантни, 5.5 милиони евра за само 2 години во патната инфраструктура.

Инвестиравме 1.2 милиони евра во изградба на нови водоводи и канализации, уредување на речното корито на Крива Река и регулација на долови, близу 1 милион евра за реконструкција реконструкција и обнова на локални објекти и објекти на национални установи, над 500.000 евра за нова спортска инфраструктура, повеќе од 140.000 евра за детски катчиња, од ниту едно детско катче во 2021, денес има 10 и се проектираат нови 6 катчиња, а планот е до крајот на мојот мандат да има по едно во секое урбано населено место во градот, 300.000 евра се вложени во опремување на ТППЕ и јавните претпријатија, рекордни, како никогаш досега, 350.000 евра за изработка на проектно – техничка документација, воведовме повеќе од 10 различни мерки за поддршка на млади и субвенции на младите, на студентите, продолживме да ги стипендираме талентираните ученици и спортисти, во моментот 40-тина од нив добиваат стипендии од буџетот на општината.

Истовремено, вложивме многу во уредување зеленило и чистота, подигнати и уредени се нови 16.000 квадратни метри зелени површини и засадени се дрвореди со повеќе од 2.000 различни видови дрва, за само 24 месеци, а две години во континуитет, програмите за јавно зеленило и јавна чистота бележат реализација од 100 проценти.

Тоа ја прави Крива Паланка денес една од најуредените, најчистите, најзелените и најеколошките општини во државата, за што говорат бројните пораки, објави и фотографии на задоволни кривопаланчани, но и на голем број посетители, а тоа не прави горди и мене и целата општинска власт. Секако, најмногу граѓаните, кои се гордеат со својот град.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.