Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ во последниот парламентарен состав, во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека улогата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа кризна состојба е исклучиво да критикува, а први не ги почитуваат мерките.

“Еднаш велите не сме им помагале на граѓаните, па кога им помагаме велите тоа било поткуп?! И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ периодов донирале хуманитарни пакети каде треба. И јас сум помагал на граѓани, на цркви, на џамии, на Црвен крст и сега ако помага СДСМ тоа е поткуп, ако помага ВМРО-ДПМНЕ тоа е помош?!” – му одговори Митрески на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.

Во продолжение Митрески го коментира несоодветното однесување на лидерот на опозицијата како демонстрација како опозицијата која најмногу критикуваше не ги почитуваше мерките.

“Од една страна ги критикувате мерките, па зошто ова се случува и зошто она не се случува, а од друга страна вашиот лидер се извинува и вели не ги познавал доволно мерките. Во секторот на угостителството, ако нешто беше прво кажано и јасно кажано е дека ќе работат прво тиешто имаат отворен простор, а не оние што се со затворени простории каде што бил Христијан Мицкоски со друштвото” – истакна Митрески.

Во однос за обвинувањата од опозицијата дека ситуацијата со коронавирусот е драматична, Митрески со став:

“Кај 80% од случаите станува збор за луѓе од познати кластери, точно се знае од каде ја добиле заразата и може да се селедат. Полесно е во однос на почетокот на епидемијата кога не се знаеше кој од каде го донел вирусот. Ситуацијата во таа смилса е драстично сменета. Точно е дека во последниот период има повеќе заразени, но точно е и дека се познати кластерите. Во таа смисла полесно ќе излеземе од ситуацијата. Еве денес слушнавме најава од министерот Филипче дека јавно ќе бидат објавени и лицата кои не ја почитуваат самоизолацијата” – додаде Митрески.