Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ во последниот парламентарен состав, во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека ВМРО-ДПМНЕ со своето тактизирање во однос на прашањето за изборите само купувале време бидејќи реално ништо драстично не се очекува да се промени до 15 јули, датумот кој денес го понудија.

“Изминатиов период се случуваа работи кои се неописиви. Слушаме дека здравствените власти не ги исполниле очекувањата на граѓаните, а Мицкоски изјавуваше дека им симнува капа на здравствените работници, а пред некој ден побарал од Јанша помош во медицински персонал. Една работа со друга не одговараат. Исто така, се носеа уредби со законска сила кои од страна на техничкиот министер за внатрешни работи не се спроведуваа. Ние имавме јавни изјави од министерот за внатрешни работи дека некој му правел притисок да казнува меѓутоа тој, ете, нема да казнува. На пример, непочитувањето на мерката за неносење заштитни маски и одржување растојание е исто опасно по живот како кога министерот би дозволил некој да вози 200 километри на час во населено место, а тој да не казнува. Таа нефункционалност бараше брзо организирање на избори и пак слушаме дека пред сè било здравјето на граѓаните ама денес има датум и прес-конференција на Милошески каде тој вели дека им одговара на 15 јули да одат на избори. Ако сега ја гледаме здравствената ситуација, јас не знам која е разликата за тие 10 дена, што е тоа што се случило? Имаме исто така ситуација каде има блокади и од дополнителната заменичка министерка за финансии, нашата држава е во трка со сите други земји и од околината, но и со други поголеми економски сили за да обезбеди што повеќе средства од кредитни линии, еврообврзници, заеми за да можеме да излеземе помалку оштетни од економската состојба, со помали последици и да дочекаме поспремни нов пик. Неопходно е што побрзао да заврши оваа агонија, да избереме политичка власт која ќе ја преземе целата одговорност” – истакна Митрески.