Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи ја назначила Анета Томева за директор на Центарот за социјални работи во Штип. Томева инаку е во блиски роднински врски со Јохан Тарчуловски.
Нови директори добија и Центрите за социјални работи во Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш. Повеќето се партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а на вчерашната седница на Владата донесена е одлука за поништување на овие решенија, бидејќи тие се донесени без потпис од дополнителната заменик министерка.
Сподели
Facebook