На денот кога во Собранието веќе била во тек расправата за нејзина смена, Рашела Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања, велат од владата и посочуваат и дека за време на синоќешната седница, била донесена одлука за поништување на решенијата кои ги донела поранешната министерка.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на Фејсбук ги повика ВМРО-ДПМНЕ да достават нов предлог за министер за труд и социјална политика а исто барање денеска упатија и претставници на СДСМ.

„Секако дека ќе останат ингеренциите на заменик министерот но еве не сакаме така да направиме, сакаме да соработуваме зошто тоа е договоррено. Оставаме простор ВМРО-ДПМНЕ, како што реков, да достават предлог за министер за труд и социјална политика.“ – изјави Костадин Костадиновски.