Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции-е најновиот одговор на техничката министерка за труд и социјална политика номинирана од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

,,Во однос за одговорот на новинарското прашање кое се однесуваше на примена на Законот за употреба на јазиците, потенцирам дека сум граѓанин на Р. Македонија и даночен обврзник кој ги почитува Уставот и позитивните законски одредби како и сите останати граѓани на Македонија.
Доколку сум постапила спротивно од постоечките позитивно прави норми спремна сум да сносам одговорност“-вели Мизрахи.

Таа вели дека е подготвена да плати казна од 5.000 евра, но никогаш нема да застане пред табла на која пишува Република СЕВЕРНА Македонија.

Грција испрати писмена нота поради кршење на Договорот од Преспа од страна на Рашела Мизрахи, а министерот Димитров побара нејзино разрешување.

Извор: АКО