Во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во близина на село Ботун животот го загуби 17 годишниот Јован Николоски од село Мешеишта, член на младите категории на ГРК Охрид.

Станува збор за младиот ракометар Јован Николоски, а трагичната вест ја соопштија од раководството на РК Охрид.

„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“, пишуваат на Фејсбук ГРК Охрид.

Според МВР, на 03.10.2021 во 03,00 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево автомобил „киа соренто” со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од село Лешани, излетало од патот.Возачот со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо” за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од село Мешеишта, починал на самото место на несреќата.