Во СВР Охрид вчера во 12.50 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјаната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.