На 28.02.2024 во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино. Од здобиените повреди С.Т. починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.