На 27.11.2022 во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител