Игор Митковски, младиот кривопаланчанец кој вчера го фати Богојавленскиот Крст, ја донираше наградата, машина за перење, на нивните сограѓани, семејството Атанасовски што е во исклучително тешка состојба.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, му честиташе за хуманоста на Игор!
Т-ој изрази желба да донира, ние како општина сме во комуникација со семејството и посочив дека е добредојден и овој уред за полесно обавување на потребите.Мој приоритет е да се биде хуман, службите во координација со надлежните институции работат на помош и олеснување на состојбата на ова семејство. Среќен сум кога другите се среќни и оваа порака ја упатувам до сите граѓани, да го следиме патот на добрината во животот!, порача Митовски.