Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Република Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан истите се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани. Истовремено апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно.