Трговските центри ќе работат од 10 до 22 часот, одлучи Владата на денешната седница.
Донесена е одлука за измена и дополнување на протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.
Откако Владата на 13 мај донесе одлука за отворање на трговските центри дозволено беше работно време до 18 часот.