Во полициската станица Гевгелија вчера било пријавено дека утрината во 8 часот и 15 минути, на паркинг простор на терминалот во близина на ГП „Богородица” во патничко моторно возило „Хјундаи” со грчки регистарски ознаки, бил пронајден починат грчкиот државјанин С.С.(59).

Лекар од гевгелиската Итна медицинска помош контатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот бил извршен и од екипи од ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.