Шеесет и четиригодишен маж од селото Јаболце, во општината Сопиште бил најден мртов.

Полицијата добила пријава дека безживотното тело на мажот било забележано во шума во близина на селото.

Се работи за лице со иницијали Т.А..

Итната медицинска помош констатирала дека на телото на мажот немало видливи траги на насилство и е предадено на обдукција.