Дваесет и петгодишен кумановец бил физички нападнат, а неговото возило оштетено од страна на две лица, кои му го попречиле патот.

– На 29.08.2024 година во 18.30 часот во СВР Куманово Љ.Р. (25) од село Черкезе пријавил дека во селото Б.Е. и С.Ф. со возило му го попречиле патот, физички го нападнале и му го оштетиле возилото, информираат од Секторот за внатрешни работи.