Му пишав на Илон Маск само за да го смирам вујко ми, иако знаев дека најбогатиот човек нема да ми врати на пораката, сведочи Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање.

Тој кажа дека во неколку наврати му позајмувал пари на вујко му, а последен пат му позајмил 30 илјади денари.

И тој тврдеше дека Александар немал долгови и дека сите пари што му ги позајмувал, Александар му ги враќал.

Тој помагал во потрагата на Вања, а со вујко му прв пат се слушнал неколку дена по исчезнувањето, кога тој му рекол да му пише на Маск дури и да му прати слика.

Го направил тоа бидејќи вујко му бил во агонија.